Најнова вест: Мицкоски се откажа од предвремени парламентарни избори?

Она што е интересно и го привлекува вниманието во денешната изјава на Мицкоски е тоа што додека зборуваше за изборите, воопшто не го спомена зборот „предвремени“.  

Овој пат Мицкоски ги повика граѓаните да излезат на изборите кои, како што рече, ќе се случат за неколку месеци од денес и на тој начин да ја поразат владејачката коалиција на СДСМ и ДУИ.  

„Колку подолго остане оваа криминална влада на ДУИ и СДСМ или СДСМ и ДУИ, како сакате, толку поголем цена ќе плати државата и граѓаните. Единствен начин да се казнат овие криминални измамници во Владата се изборите.

Ги повикувам граѓаните во Македонија, сите оние кои се политички определени или сите оние кои можеби не се политички определени, да се приклучат кон ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и на следните избори, кои за неколку месеци од денеска ќе се случат, да излезат и да гласаат.

Со седење дома не можеме да помогнеме во процесот. Мора да излеземе масовно и да ја поддржиме опцијата којашто се обединува се повеќе околу ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата којашто ВМРО-ДПМНЕ ќе ја предводи.

Тоа е единствениот начин овие политички измамници и криминалци да се соочат со одговорноста. Ниту една измена во било каков закон нема да им помогне.

Јас тоа го кажав, и златно знаме да стават, не европско, има десетици други членови и во тој закон и во други закони по кои тие ќе бидат изведени пред лицето на правдата.

Криминалците нема каде да избегаат и да се скријат. Но, единствен начин да ги поразиме криминалците се масовно да излеземе на избори“,  рече Мицкоски.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде