Двe лица пренесени во болница, се превртеле со четирицикл

Вчера, во 15.30 часот, во СВР Тетово е пријавено дека во месноста Церипашина на Попова Шапка, четирицикл „кавасаки“, со тетовски регистарски ознаки,

управуван од 44-годишниот тетовец А. Х., а на кој се превезувала и 41-годишната тетовка Е. Х., изгубил контрола и се превртел, извести СВР Тетово.

„Во несреќата двајцата добиле повреди и биле пренесени во тетовската Клиничка болница за укажување лекарска помош“, соопшти СВР Тетово.

На местото на несреќата увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде