Тажна вест: Почина познатиот македонски бизнисмен

Во петокот (8 септември) почина Дејан Гроздановски, сопственик и управител на „Гроздановски ДООЕЛ“ од Куманово, објави InStore.

Гроздановски загинал во несреќен случај, од повреди предизвикани од струен удар. Имаше 44 години.

Кумановската компанија „Гроздановски ДООЕЛ“ како правно лице под овој назив постои од 2003 година – но Гроздановски семејно се во месопреработувачката индустрија повеќе од половина век, цели 55 години, од 1968 година.

Сега во компанијата е ангажирана и третата генерација наследници на бизнисот.

Месните преработки на овој бренд се присутни во речиси сите поголеми маркети и во другите продажни објекти низ државава. 

Раководењето со компанијата ќе го преземе синот на Дејан, Јован Гроздановски. 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде