Полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар, ноќеска околу 1 часот и 35 минути на магистралниот пат Тетово-Гостивар,
на наплатната станица Гостивар, ги лишиле од слобода Б.Н.(42) од струшко Велешта и 25-годишната Д.Д. од Република Албанија.
Тие претходно биле пријавени од 34-годишниот стружанец А.А. дека еден час пред тоа во Скопје Б.Н. со употреба на сила го внел во неговото возило „ауди“ и од Скопје се упатиле кон Струга.
Според пријавеното, Б.Н. и физички го нападнал поради нивни нерасчистени должничко-доверителски односи.
Двајцата се задржани во Полициската станица Гостивар и по документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.