Битола е вечерва на нозе, МАКЕДОНИЈО ВО СРЦЕ ТЕ НОСИМЕ

Платото на Офицерскиот дом во Битола е претесен вечерва каде се одржува вториот концерт од караванот „Македонијо во срце те носиме“.

На сцената публиката ги слуша Бојана Скендеровски, Сузана Спасовска, Наум Петрески, Зуица Лазова, Андријана Јаневска,

Александар Тарабунов, Огнен Здравковски, Марија Спасевска, Мина Блажев, ДНК, Ламбе Алабаковски и Миле Кузмановски.

Проектот со потписот на Скендеровски продукција, а во чии рамки 12 македонски изведувачи препеаја исто толку родољубиви песни – сите спакувани во ново руво од маестро Николче Мицевски,

има единствена цел да им се продолжи векот на песните и да се испрати порака особено до  младите генерации дека треба да го чуваме она што го имаме, највредното – нашата земја и нејзиното наследство.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде