Утрово тешка сообраќајна несреќа, ова се првичните информации

Сообраќајна несреќа се случи денеска кај клучката Кочани – Виница – М. Каменица, пренесува Мнет телевизија.

Од СВР Штип само потврдија дека е пријавена сообраќајна несреќа помеѓу патничко и товарно возило, а полициски службеници вршат увид на местото на настанот.

Во текот на увидот сообраќајот на овој патен правец се одвива отежнато, а засега нема информации за евентуално повредени лица.

Повеќе информации од СВР Штип најавија во текот на денот, по завршувањето на увидот.

Извор: Мнет телевизија

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде