Актерката и политичарка Софија Куновска, смета дека СДСМ ја брани страната на експремиерот Никола Груевски кој јавно се препукува со актуелниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Ох, што слатко…
Дали во расправата Мицковски- Груевски се добива благ впечаток дека СДСМ се става на страна на Груевски или така ми се чини?
Дали?
Хо, хо, хо…
И тоа ли ќе треба да го голтаме…
Повелете извадок од објава на СДСМ:
„Изјавата на Мицкоски го потврдува она што го говоревме во изминатиот период, дека има големи несогласувања во ДПМНЕ а се што прави Мицкоски е да ја сочува својата фотелја во белата палата, рече пратеникот на СДСМ и портпарол, Дарко Каевски во емисијата Топ Тема на Телма Телевизија.
-Се што прави Мицкоски е за заштита на неговата фотелја во белиот дворец. И секогаш кога имаат внатрешни несогласувања некој друг им е крив.
Граѓаните паметат дека слични меѓусебни обвинувања кога се фатија за рацете во медот. И тогаш пак за СДСМ се фатија. Сега повторно имаат некакви несогласувања. Постојат структури во ДПМНЕ кои што велат дека оваа изолација којашто ја протежира Мицкоски не е добра за земјата.
Во ДПМНЕ стана таква пракса на поделби. Да не го мешаат СДСМ во нивните внатрепартиски несогласувања, Мицковски да не остави надвор од неа и сам да ја реши.
Одвлекување на вниманието од нивните поделби, кавги и несогласувања не поминува, рече пратеникот на СДСМ и портпарол, Дарко Каевски.“