Цената на белиот и полу бел леб од 500 грама, сечен и на парчиња од денеска е намалена од три до четири денари. Дел од трговските синџири за исто толку пари ги намалија цените и на пекарските производи, кои ги печат и продаваат.
Во средата наутро цената на бурекот во приватните пекари не беше намалена, а нови цени немаат ниту другите најчесто продавани производи.
Според обиколката која ја направи „Слободен печат“, сите производители и дистрибутери во текот на ноќта ги испратиле новите ценовници, но во добар дел од маркетите цените на рафтовите „не беа гарантирани“.
„Скопско Ехо“ објави дека во еден познат маркет лебот се продава по цена од 29 денари.
Продавачите велат дека според она што го виделе во ценовниците, кај кравјиот кашкавал има поевтина цена од 30 денари. Се чини дека во текот на денот цените допрва ќе се менуваат, бидејќи пазарните инспектори веднаш ќе почнат со контролите.
Министерот за економија Крешник Бектеши вчера го објави списокот на прехранбени производи чија цена се замрзнува на 1 август и дополнително се намалува за десет проценти и оваа одлука ќе трае до 30 ноември.