Јакимовски: Мицкоски договорил уставни измени, а ова е неговата стратегија

Мицкоски има договорено дел од пратениците да гласаат за измени на уставот, а за тоа да не биде тој виновен туку предавникот Никола Груевски, тврди градоначалникот на Карпош, Стевче Јакимовски во статус на Фејсбук со наслов „Лисиц“.

-Значи овој Христијан се обидува да не прејде сите жедни преку вода. Морам да признаам дека му направиле доста добра стратегија, арно ама, забораваат дека има и политичари од времето на Тито.

А таквите подготвени стратегии не од него, туку од странски замешателства ги фаќаат на бранова должина. Нели Христијан побара гаранција за јазикот и македонскиот идентитет?

Тоа беше однапред договорено, покровители на гарантирањето беа токму Германците со гласање во парламентот. Така ли беше? Нели ви е чудно што Мицкоски го нападна Груевски дека се обидува да му направи раздор во партијата и да обезбеди пратеници за уставните промени токму во германски ФАЦ?

Стратегијата е да се нападне Груевски дека тој е предавникот што договорил дел од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за влез на Бугарите во уставот. На зачестениве средби со странците токму Мицкоски има договорено дел од пратениците да гласаат за измени на уставот, а за тоа да не биде тој виновен туку предавникот Никола Груевски.

Се потрудиле добро да ја осмислат стратегијата да ни глуми лисица, жртва на заговор и обид демек партијата да му се разбива одвнатре, а всушност, трговецот за уставните измени е токму тој. И тоа настапува како трговец-поединец, пишува Јакимовски.

Тој додава дека Мицкоски користи иста тактика како за Преспанскиот договор, кога го обвини поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков дека обезбедил мнозинство.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде