Загрижувачки вести од Бислимовски за скопјани: Ќе има ценовно цунами на парното ако наскоро не се санира мостот „Беласица“

Ценовно цунами со цената на парното ги очекува скопјани, ако наскоро не се постави цевководот на оштетениот мост Беласица, тврди првиот човек на Регулаторна Марко Бислимовски.

Тоа е една од причините што досега не е донесена нова цена на парното, која требаше да биде утрврдена на крајот на јуни.

Бислимовски вели дека ако нема цевка, гасната централа ТЕ-ТО ќе има проблем, а токму нејзиниот енергенс е најевтин од сите топлани, па скопјани ќе ја плаќаат старата цена на парното и покрај големиот пад на гасот на светските берзи.

И покрај намалувањето на цените на гасот, цената за топлинска енергија кај нас е субвенционирана со 30 проценти и е далеку пониска од онаа на меѓународните берзи.

Бислимовски одби да каже колку би изнесувала цената на парното ако се постави тополоводот на мостот Беласица, но вели дека Регулаторна нема да дозволи ценовен шок за граѓаните.

Новата цена во многу ќе зависи од тоа дали ќе има и колку ќе изнесува буџетската субвенција, но и враќањето на позајмицата коај толпланите ја добиваат од Владата.

Мостот Беласица не е во целосна функција од мај годинава, кога беше оштетен во пожар, од што настрада и топловодната цевка за парно греење. Сега, се е во рацете на град Скопје, кој е сопственик на мостот Беласица и кој треба на ЕСМ Дистрибуција за толниска енегрија да им издаде дозвола за поставување на топловодот, чии цевки веќе се набавени и чекаат монтажа.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде