ВИДЕО Силно невреме погоди делови од Балканот

Силно невреме зафати делови од Хрватска.

Од раните утрински часови циклонот се движи над Далмација. Локалните медиуми јавуваат дека најкритично е во Сплит.

Најмногу дожд наврна во Шибеник, каде се измерени 107 литри на метар квадратен.

Невремето со грмотевици предизвика големи проблеми на сплитските улици.

Неколку улици се поплавени, автомобилите на места се под вода, а хрватските медиуми јавуваат дека гром удрил во дрвена бандера во Пујанка.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде