Курти: Доцна синоќа терористички напад во Косово со поддршка на Белград

Косовскиот премиер Аљбин Курти на Фејсбук објави дека ноќеска околу 03:00 часот во селото Бањска во Лепосавиќ била нападната косовската полиција, при што еден полицаец е убиен, а друг повреден, пренесува Косово онлајн повикувајќи се на Коха.

Според овие извештаи, загинатиот полицаец (А.Б.) бил со чин наредник, а повредениот припадник на граничната полиција е надвор од животна опасност.

„Во овој момент продолжува пукањето од огнено оружје од различен калибар кон нашата полиција. Напаѓачите се професионалци со маски и вооружени со тешко оружје.

Го осудуваме овој криминален и терористички напад. Организиран криминал со политичка, финансиска и логистичка поддршка на официјален Белград ја напаѓа нашата земја.

Владата на Косово и државните институции се подготвени и во координација да одговорат на криминалот и криминалците, теророт и терористите“, рече Курти.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде