Во селото Бањска, Косово, во кое синоќа еден полицаец загина, а друг е ранет, денеска продолжува размената на оган.
Тие пукаат во нас, пукаме и ние“, изјави заменик-командантот на косовската полиција за северниот регион, Ветон Ељшани за порталот „КосСев“.
Ељшани наведува дека во ова село има луѓе кои поседуваат тешко оружје.
„Гледаме вооружени, униформирани луѓе, тешко оружје, пукаат во нас, пукаме ние“, рече тој, но не можеше да потврди какви униформи носат овие лица и кои се тие, но рече дека користат оклопни возила.
Тврди и дека не дозволуваат граѓаните да излезат од домовите.
Освен што ги повтори претходните наводи на косовската полиција, дека еден полицаец е убиен, а друг повреден, Ељшани не можеше да ги потврди неофицијалните наводи дека има и други кои наводно биле ранети или повредени.
Патиштата кои водат кон селото Бањска се блокирани по синоќешната престрелка, а влезовите ги обезбедуваат припадници на специјалните единици на косовската полиција.
Од правец на ова село и во утринските часови повремено можеа да се слушнат рафали.
Вучиќ попладне ќе се обрати пред српската јавност каде ќе зборува за ситуацијата на северот на Косово.
Според најавите од неговиот кабинет „Вучиќ ќе ги разоткрие сите лаги на Албин Курти, нарекувајки го креатор на хаосот и пеколот на Косово
Воедно, беше соопштено и дека се откажува прес-конференцијата на директорот на Канцеларијата за Косово Петар Петковиќ, која беше најавена за 14 часот.