Од Полициската станица во Кочани пред околу пет месеци добиле пријава за уцена што ја доставила 46-годишната жена која утрово е убиена.
„На 16. мај, во 11:30 часот, Т.М. пријавила дека подолг период била уценувана од У.Р. со кого биле во љубовна врска, дека ќе објави компромитирачки фотографии и видеа доколку не му даде пари.
Од страна на инспектори во Надворешната кцеларија за криминалистички работи при Одделението за внатрешни работи – Кочани постапено е по пријавата.
На 31. мај до Основното јавно обвинителство – Кочани е доставен поднесок – известување со службен материјал во прилог.
Како дополнување на известувањето испратен е и службен материјал во прилог на 05. јуни 2023 година“, истакнуваат од СВР – Штип.Од Основното јавно обвинителство – Кочани информираа дека се работи на расчистување на случајот.
Преземени се сите дејствија, наредена е обдукција на телото на починатата, обезбедени се траги и други докази кои ќе бидат предмет на вештачење.