Рано изутрината не’ напушти нашата Весна Крстева(57), одговорен уредник на Канал 77, објави ММС.
Крстева имаше 28 години плодна радиска кариера, која траеше се’ до петокот, 15 септември, кога, и самата незнаејќи, се одјави со своите последни вести на националното радио. На уредничкото место беше 13 години.
Секој кој ја познаваше лично, знаеше дека беше најпозитивниот човек, насмеана дури и во најтешките моменти. И ова не е фраза.
Избираше да го гледа доброто кај луѓето, така и живееше. Свртена кон своите професионални обврски и желбата за што подобра иднина на семејството, кон своите две деца, кои пораснаа во прекрасни личности, објавија од ММС.
Погребот е утре (27 септември) на Градските гробишта во Штип. Терминот дополнително ќе биде објавен.
Весна Крстева, патувај меѓу ангелите! Нека ти е светол патот!