Вчера, во полиција било пријавено дека на крстосницата од улицата Македонско-косовска бригада и Втора македонска бригада во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу „даеву матиз“,
возило управувано од М. Б. (66) од Скопје, и патничко возило „бмв“, управувано од М. С. (18) од селото Сарај, двете со скопски регистарски ознаки.
„Во несреќата тешки телесни повреди добиле возачот М. Б. и неговата сопатничка К. Б. (64) од Скопје, а телесни повреди добиле М. С. и
нејзината сопатничка К. С. (47) од Скопје, констатирани во комплексот клиники ‘Мајка Тереза’ и во Градската општа болница ‘Св. Наум Охридски’“, објави МВР.
Извршен бил увид од екипа.