Откако цените на храната дивееја во Словенија во првата половина од годинава, порталот „Журнал24“ пишува дека трговците почнале да ги намалуваат цените на храната, а одредени категории доживеале попуст до 50 отсто.
Новинарите од порталот разговарале со шест големи трговци кои имаат синџири на продавници кои работат во Словенија за да проверат кои артикли и категории на храна се значително поевтини.
Одговорот од „Хофер“ е дека годинава веќе имале неколку стотици намалувања на цените на производите, меѓу нив има и прехранбени и непрехранбени производи (главно производи за домаќинството).
„Кај прехранбените производи денеска цените се пониски отколку на почетокот на годината, особено за млечни производи, други производи во фрижидер, свежо месо и риба и производи на кои не им е потребно ладење (масло, ориз, тестенини)“, објасниле од „Хофер“.
Новинарите од „Журнал24“ 24 ги проверуваа цените на одредени категории производи – млекото кое пред лето чинеше од 1,09 до 1,25 евра, сега падна на 0,79 до 1,09 за литар.
Поевтини и кашкавалот гауда – пред летото цените се движеа од 6,53 до 9,98 евра за килограм, но сега паднаа на 3,96.
Пониска е и цената на јогуртот – од просечни 1,19 паднала на 0,89 за литар во добар дел од анкетираните продавници. Цената свинските стекови паднала од 6,50 на просечно по 3,5 евра за килограм.