По 7 000 денари за новороденче добија 110 семејства во Центар
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски на 110 семејства со новороденчиња им додели решенија за парична помош од по 7000 денари и други пригодни подароци.
Дечињата се наша најголема радост. Приновата во семејството значи нова среќа, нов мотив да работиме и истваруваме повеќе за нивна подобра иднина.
Затоа наша задача е да направиме поубаво и подобро општество за сите нови генерации во општината.
Мојата заложба како градоначалник е да инвестираме во детската заштита и создавање подобри услови за нега, образование и воспитание. Мило ми е што денеска запознав дел од нашите најмлади сограѓани, им посакувам добро здравје и среќно и безгрижно детство – рече Герасимовски.
За добивање на парична помош за новороденче потребно е да се поднесе барање, а во прилог да се достават на увид фотокопија од важечки лични карти на родителите или пасош за лична идентификација со адреса на живеење или престојување во Општина Центар, фотокопија од извод од Матична книга на родените за новороденчето и фотокопија од трансакциска сметка на барачот на оваа помош.
Рокот за поднесување на барањето е до 6 месеци од денот на раѓањето на новороденчето.
Согласно Правилникот за добивање на парична помош за новороденче, рокот за поднесување на барањето е 6 месеци од денот на раѓањето на новороденчето.