Со крв која бликала од носот и со крвен притисок од 240, пациентка и нејзината ќерка во саботата во ГОБ „8 Септември“ останале заглавени во лифтот од болницата.
Наместо да ги однесе на седмиот кат, лифтот одненадеж пропаднал во подрумските простории.
Пациентката паднала од стресот и 45 минути не дошол мајстор да интервенира на дефектот.
Со клешта, болничкиот персонал ја подотворил вратата за да влегува воздух, а пациентката и ќерка и минувале низ пекол.
– Мајка ми имаше крвен притисок од 240 и затоа дојдовме во ГОБ „8 Септември“. Откако лифтот пропадна и се заглави, десет минути ѕвонев на ѕвончето и никој не реагираше.
За среќа имав мрежа на телефонот и успеав да се јавам на сопругот кој чекаше надвор, па тој отиде кај обезбедувањето. Инаку немаше ниту да се сепнат на ѕвонењето.
Со клешта ја подотворија вратата да влегува малку воздух, затоа што мајка ми беше во многу лоша состојба. Мајка ми држеше марамчиња врз носот за да ја сопре крвта.
Среќа е што крвареше инаку можеше да добие мозочен удар од тој стрес, изјави за „Слободен печат“ нејзината ќерка Бојана Јовановска.
Целиот текст и видеото погледнете ги ТУКА
Извор: Слободен печат