Голема кавга попладнево избувна во Собранието за време на седницата за пратенички прашања, а главна актерка во кавгата беше пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска,
која го обвини вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ дека ѝ испраќал бакнежи и ѝ намигнувал зад грб.
Таа влезе во кавга и со министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска за која рече дека наместо да даде одговор на прашањата, таа држела партиски говор.
– Јас не знам како не ви е срам. Бакнежи и намигнувања само по дома да си праќаш, лигав еден. На што личи ваквото несоодветно однесување на вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ?!
И моите колеги многу добро видоа што правеше Маричиќ. Мојот колега Никола Мицевски неодамна беше обвинет дека нападнал пратеничка, а што беше сега ова што го стори вицепремиерот? – рече Стојаноска.