Пензиите ќе 6идат покачени, кој што до6ива?

Пензиите ќе бидат зголемени, но не за 6.8, туку за 5.3%. Исплатата започнува во понеделник. Најмногу ќе добијат корисниците на највисока пензија, околу 3.700 денари плус. Пензионерите, пак, со најниски пензии ќе добијат само 700 денари.

Од Министерството за труд и социјала за Сител велат:

„Согласно методологијата и податоците од Државниот завод за статистика, пензијата за месец септември ќе биде зголемена за 5.3%. Ова е второ усогласување за оваа година, во месец март беше зголемена за 8.4% и заедно со 5.3% во септември, изнесува вкупно 13.7%“.

Пензионерите се разочарани. Велат дека се излажани и прашуваат што работи работната група кога не им е прифатено ниту едно барање: ниту линеарно покачување од 3.500 денари за сите, ниту минимална пензија од 18 илјади денари. Најавија масовни протести.

„Тоа е катастрофа. Ветено ни беше, и самата министерка зборуваше дека ќе оди со 6, па 6 кома нешто, ќе биде повеќе од 6, па излезе 5,3. Тоа е 1,5% разлика, тоа е голема разлика. 5,3 подобро нека си ги повлечат и да речат дека нема зголемување“ – Верче Јанческа, иницијативен одбор на пензионери Прилеп

Според Јанческа, ваквото зголемување на пензиите уште повеќе ќе го зголеми јазот меѓу пензионерите и нема да го пополни домашниот буџет.

„Животните трошоци се многу поголеми. Тие ги кренаа на 40% и сега не залажуваат со 10% намалување. Со 1 или 2 денари на лебот што се намалува? Тоа ли е намалување? Тоа ли е социјална мерка? Што е тоа?“ – Верче Јанческа, иницијативен одбор на пензионери Прилеп

Во земјава живеат околу 330 илјади пензионери. Најголемиот дел од нив, над 97 илјади месецот го туркаат со пензии до 13 илјади денари.

Прилогот на СИТЕЛ погледнете го ТУКА

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде