Бугарскиот активист Виктор Стојанов кој е во посета на Македонците во Албанија во обид да ги присили на пописот да се изјасни за Бугари почна да се заканува.
Тој на Фејсбук се закани дека оние што сепак нема да одолеат на уцените и притисоците ќе ги исели во Скопје.
Вашиот заменик градоначалник со плата од Скопје наскоро нема да биде заменик градоначалник и вие – неколкуте Македонци од Требишта – ќе одите во Скопје-се закани бугарскиот активист.
Бугарија спроведува државна политика да ги убеди Македонците во Албанија да се изјазнат дека се Бугари нудејќи им бугарски пасоши.
На децата пак им се даваат таблети и учебници по бугарски јазик.