Голем број сограѓани и колеги денеска на вечно почивалиште го испратија Игор Миленковиќ од Лепосавиќ, кој беше убиен минатата недела во Бањска.
На почетокот на поворката беа неговите деца и неговата сопруга. Миленковиќ зад себе остави три деца и сопруга.
Поворката ја следеше километарска колона возила, а од Здравствениот дом каде Миленковиќ беше вработен како возач на Брза помош, на поворката се приклучи и колона од амбулантни возила.
Колегите вклучија ротирачки светла за да му оддадат почит на Миленковиќ.
На градските гробишта во Лепосавиќ денеска ќе биде погребан и Бојан Мијаиловиќ.
Во Врњачка Бања денеска беше погребан Стефан Недељковиќ, родум од Звечани.