Тажна вест вечерва го потресе светот: Почина познатиот писател

Сирискиот писател Калед Калифа, автор на неколку романи кои го направија еден од најпознатите современи писатели во неговата земја, почина  во Дамаск, од срцева болест, на 59-годишна возраст.

Како најголемиот хроничар на катастрофалната граѓанска војна во Сирија, овој романсиер роден во Алепо никогаш не ја напушти својата татковина.

„Останувам затоа што тоа е мојата земја. Јас сум роден овде, сакам да умрам овде“, рече тој во интервју во 2019 година.

Тој се прослави со неговиот трет роман „In Praise of Hatred“, кој беше номиниран за Меѓународната награда за најдобар арапски роман во 2008 година и за меѓународната награда за независна белетристика во 2013 година. Романот е преведен на неколку јазици.

Во 2013 година ја доби престижната награда Нагиб Махфуз од Американскиот универзитет во Каиро и во 2014 година беше номиниран за меѓународна награда за арапски роман, за неговиот четврти роман „No Knives in the Kitchens of This City“.

Романот „Death Is Hard Work“ од 2016 година, мрачен наратив на сириската трагедија, во 2019 година се најде меѓу финалистите за Националната книжевна награда на САД, во категоријата „Фикција преведена на англиски јазик“.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде