Момче на 18 години загина синоќа во на патарината во Гостивар.
СВР Тетово информира дека четириесетина минути по полноќ било пријавено дека на автопатот Гостивар-Тетово,
на наплатната станица Гостивар, патничко моторно возило „сеат ибица“ со гостиварски регистарски ознаки управувано од 18-годишниот Е.З. од гостиварско Чегране излетало од коловоз и удрило во бетонски столб.
„Во несреќата, Е.З. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“ каде бил пренесен за укажување на лекарска помош,
а на пат за Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје им подлегнал на повредите.“, стои во полициската информација.
На местото на несреќата јавен обвинител и екипа од Одделението за внатрешни работи извршиле комплетен увид. По наредба на јавниот обвинител ќе се врши обудкција.