УЖАСНА ВЕСТ го разбуди светот: Дете го земало пиштолот од мајка си и пукало кон другарчињата во централна Флорида

Единаесетгодишно момче е уапсено откако застрела две 13-годишни деца по расправија на фудбалски тренинг во централна Флорида.

По физичката пресметка, извадил пиштол од автомобилот на мајка му и испукал еден истрел, соопшти полицијата.

Едното момче било застрелано во раката, а другото во торзото, за што му била направена операција.

Напаѓачот се соочува со обвинение за обид за убиство од втор степен.

„Возрасните најверојатно ќе бидат обвинети и затоа што огненото оружје не било правилно скриено“, рече началникот на полицијата Мајк Мекинли.

Не е познато што довело до првичната расправија, која настанала за време на фудбалски тренинг.

„Спорот меѓу нив се пресели од спортскиот објект на паркингот, пред напаѓачот да го земе оружјето од автомобилот на неговата мајка, рече Мекинли.

На жртвата, која била застрелана во раката, му била укажана лекарска помош и бил пуштен од болница истата вечер, додека повредениот на торзото е во стабилна состојба по операцијата, објави Би-Би-Си.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде