Сашо Тасевски со порака до Дунавка: Дунавке тешко тебе, да не сум ти у кожата

Фејсбук пост на актерот Сашо Тасевски:

Дилајлана на Дунавка ќе се враќа овде да го брани бугарското малцинство, откако избега под обвинение за проневера на десетици илјади евра.

Ама ете новиот кривичен закон на сите вакви им помогна да си се вратат дома, да не бегаат, па уште да бидат и супермени кои ќе спасуваат народи или малцинства.

Од кого дилајлава ќе го спасува она што се нарекува себе бугарското малцинство, не е познато.

Оти партизаните одамна не се меѓу нас, ама во нивно време па бугарско малцинство и не постоеше.

Ова е нова ситуација ко во случајот со дилајлава, да легнеш како Македонец да се разбудиш Бугар. Преку ноќ.

Којзнае што им ставаат у тоа кокаколата пред спиење

Дунавке тешко тебе. Жити мене пази и тебе у кокаколата да не ти турат нешто, да не се разбудиш како Гергана.

Возот излезен е од шини.

Ете и Јован Канео не бил Јован Канео, туку Јованчо Кнев од Пазарџик

Сфаќате сега зошто многу намигнуваат оние домашната живина околу Таче. Се средија за шљамот и дилајлите да си дојдат дома, во друштво со оние кои и не заминаа, за сите останати да живееме во мизерија додека они се изживуваат со нас.

Ах Дунавке, да не сум ти у кожата. Ако не си му раскинала уште, раскини му, нема да згрешиш.

Оти тој еднаш ако се разбудил како Бугар, утре ќе се разбуди како жена или недајбоже геј… и после… џабе муабетов.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде