Учениците од ООУ Његош, веќе 10тина дена не посетуваат настава, а соодветно решение за надминување на нивниот проблем, сеуште нема, објавува Канал 5.
Станува збор за 13 албански ученици од 6то одделение кои моментално наставата на својот мајчин јазик ја следат во училиштето во с.Огњанци, до каде им е обезбеден платен превоз, но нивните родители бараат отварање на паралелка за нив во Његош. Од одборот на родители на училиштето, велат дека во оваа ситуација оштетени се децата .
-Нашите ученици бројат паралелки од 33 дечиња и повеќе. Дечињата седат по тројца во една клупа..Овие дечиња не се воопшто дискриминирани ниту се обесправени, напротив тие имаат право и посетуваат настава на свој мајчин јазик. Нашите деца немаат платен превоз патуваат пешки по 3 и повеќе километри по регонален пат којшто е небезбеден за нив– Соња Милановска Цветковска.
Родителите велат дека имале средба и со министерто за образование Шакири и со градоначлникот на Гази Баба Стефковски, но не успеале да изнајдат решение..
Од МОН за Канал 5 велат дека се отворени за продолжување на разговорите, и потенцираат дека станува збор за проблем кој се провлекува 20 години наназад. Како привремено решение нудат доградба на училиштето..
Градоначалникот Стефковски, пак, вели дека оваа ситуација е вештачки создадена криза и дека во училиштето нема услови за нова паралелка.
-Учениците кој сакаат да ја следат предмената настава на албански јазик општината им обезбедува бесплатен автобуски превоз до училиштето во Огњанци. Не знам од која причина министерот Шакири наместо кон решавање на овој проблем, состојбата ја носи кон нови проблеми. – вели Стефковски за Канал 5.
И МОН и општината трајно решение на проблемот гледаат во израдба на ново училиште во Идризово.