Тешка сообраќајна несреќа, три лица итно пренесени во болница

Тројца мигранти од Сирија се пронајдени повредени во две напуштени возила кои учествувале во сообраќајна незгода на регионалниот пат Гевгелија-Богданци.

– На регионалниот пат Гевгелија – Богданци, вчера околу 14:45 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Богородица“ при Регионалниот центар за гранични работи Југ,

при извршување на полициски активности, во близина на две напуштени патнички возила, „алфа ромео“ со велешки регистарски ознаки и „форд“ со скопски регистарски ознаки, што претходно учествувале во сообраќајна незгода,

биле пронајдени три лица, илегални мигранти од Сирија, со повреди од сообраќајната незгода, информираат од МВР.

На лицата им е укажана лекарска помош по што се сместени во Прифатно-транзитен центар „Винојуг“ – Гевгелија.

Увид на местото на несреќата извршила екипа од Полициската станица Гевгелија и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде