СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС со јачина од 6,6 степени според Рихтеровата скала денеска погоди делови од Јапонија

Јапонскиот архипелаг Изу денеска беше погоден од земјотрес со јачина од 6,6 степени според Рихтер.

Официјалните лица веднаш издадоа предупредување за цунами, кое подоцна беше повлечено.

Епицентарот на земјотресот бил на островот Торишима, на околу 580 километри јужно од Токио.

Нема информации за жртви или материјална штета.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде