Нова трагедија го потресе регионот: Убиен тинејџер, соученик го прободел со нож

Од Брзата помош во Ниш за српските медиуми соопштиле дека денес околу пладне како последица на тепачка починало 13-годишно момче, а другото момче е префрлено во Ургентниот центар.

Според Универзитетскиот клинички центар во Ниш, второто момче нема повреди, објави „РТС“.

Од Итната помош велат дека екипа отишла во Нишка Бања по пријава дека дете на улица не се чувствува добро, а во куќата на улицата „Тошкетова“ пронашле уште едно момче без знаци на живот.Нишката полиција соопшти дека добила пријава дека едното од момчињата е пронајдено без знаци на живот, а другото е пренесено во Ургентниот центар.

Според информациите кои се уште се неофицијални, тој настрадал во меѓусебна тепачка со негов врсник соученик.Од Итната помош во Ниш соопштиле дека најпрвин пронашле дете кое имало нешто слично како епилептичен напад, а подоцна во куќата го пронашле телото на другото дете.

– Екипата постапила во согласност со правилата на службата но за жал, второто дете било без витални параметри, односно со повреди фатални по животот.

Известена беше полицијата, а во меѓувреме беше повикана уште една медицинска екипа, која го пренесе во Ургентен центар за понатамошна дијагностика, другото дете кај кое првично беа констатирани надворешно видливи повреди – изјави за „РТС“ д-р Маја Стојановиќ од Итната служба Ниш.

Двете момчиња се родени во 2010 година.Според сознанија на репортерот на „РТС“, мајката на второто момче кое било пренесено во Ургентниот центар ја повикала екипата на итната помош.

Од Клиничкиот центар во Ниш соопштиле дека момчето немало сериозни повреди, додека засега неофицијално се претпоставува дека починатото момче искрварило до смрт, по убоди со остар предмет нанесени во пределот на вратот и главата.Истрагата е во тек, а се очекува официјално соопштение за деталите од трагичниот настан.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде