„Е, до каде ја дотравме! Да ти се плукнам во државата во која човек побрзо би умрел отколку да влезе во болница“

Скулптор и етнолог Елена Оровчанец-Спироска на социјалните мрежи ја коментираше состојбата во Македонија.

Низ ситуација на која била сведок во Аеродром, ја доловува суштината на еден од проблемите на граѓаните – парите.

„Е, до каде ја дотравме! Од бесплатно здравство во ЕУ, до страв да му е на човек од доктор и болница. Побрзо ќе ја трпи маката или, не дај боже, ќе умре отколку да влезе во болница.

Се враќам од пазар во Аеродром и преминувам улица, кај Капитол, на пешачки. Пред мене повозрасна жена, со видливи здравствени проблеми со коските и движењето.

Се вклучи зелено за пешаци. На сред пешачки жената падна. Ја повреди главата, од слепоочница почна да и тече крв. Притрчавме да ја дигнеме и префрлиме на тротоар. Притрча друга жена која кажа дека е лекар.“Викнете брза помош”, рече докторката, иако веќе вртевме за да викнеме.

Кога тоа го слушна повредената жена рече дека не сака брза помош. Докторката и рече дека мора да и ја снимат главата и дека брзата помош е бесплатна. Ниту така не се согласи. “Ќе ми бараат пари, немам”, кажа жената.

Сепак беше викната брза помош. Се надевам дека жената е добра.

Да ти се плукнам во државата во која човек побрзо би умрел отколку да влезе во болница, од страв дека нема пари за да плати“, напиша Оровчанец-Спироска.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде