Најнова вест: Познато името на новата партија на Максим Димитриевски

Потпишување на Иницијативата за формирање нов субјект на политичката сцена во земјава „Движење ЗНАМ За Наша Македонија“, ќе се одржи вечер во Скопје.

Идеен творец на граѓанското движење е градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, а се очекува потпис на иницијативата да стават претставници на сите 10 граѓански здруженија од земјава.

Димитриевски информираше дека сите заинтересирани граѓани можат да присуствуваат на настанот и да дадат свој придонес во креирање на еден нов субјект кој што има за цел,

како што вели, да ги смени работите во државата, да ги промени процесите, од граѓаните за граѓаните.

-Да се ставиме целосно во служба на Македонија и на нашиот народ, повика Димитриевски.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде