Страшно: Само што полетал авион за Белград, аеродромот во Тел Авив бил бомбардиран

Авион од Тел Авив за Белград доцна сонојка полетал од аеродромот Бен Гурион, соопшти Flightradar, кој ги следи летовите низ светот.

Набрзо се слушнале експлозии, а Хамас тврди дека аеродромот е негова нова цел.

Силни експлозии се слушнале оваа вечер низ централен Израел и предградијата на Тел Авив, јавија новинарите на Си-Ен-Ен од теренот.

Хамас тврди дека нападот е насочен кон аеродромот Бен Гурион, меѓународен центар на Израел, кој се наоѓа недалеку од Тел Авив.

Според податоците на веб-страницата на белградскиот аеродром, авионот што полетал од Тел Авив во Белград слетал 40 минути по полноќ.

Претходно денеска „Ер Србија“ соопшти дека во соработка со Владата ќе оперира со специјален лет од Израел, каде што беше прогласена воена состојба по нападот на Хамас. 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде