БОМБА: Потпретседател на СДСМ поддржува помирување со Груевски за доброто на државата

Уставните измени нема да се гласаат додека не се обезбедат бројките, изјави во емисијата Клик плус на ТВ21 потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи.

Но, според него, тоа ќе се случи наскоро бидејќи скрининг процесот  е при крај.

Сепак, Битиќи не посочува на кој начин ќе се убедат пратениците од опозицијата да ги поддржат уставните измени.

Може ли тоа да биде еден од начините власта да се пазари со гласови во замена за враќање на Никола Груевски? Битиќи рече дека е подготвен за доброто на државата да се согласи со условите што му се поставени.

Фатмир Битиќи: Јас сум првиот што седнува и зборува за помирување, ако резултатот од тоа помирување може да донесе појасна иднина за државата и идните генерации кои треба да живеат овде.

-Вклучувајќи го и враќањето на Груевски, вклучено или не?

Ф.Б.: Да, да, но помирувањето не значи амнестија. Помирувањето може донекаде да ја ублажи казната. Но…

-Нема простување на дела…

Ф.Б.: Апсолутно.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде