ВИДЕО Тешка сообраќајна несреќа го блокираше целиот сообраќај

Сообраќајна несреќа кај пешачкиот премин на влезот во Скопје близу бензинската станица „Лукоил“ го блокираше влезот на главниот град,

а чекањето од еден час создаде колона од десет километри до клучката на автопатот за Велес, односно Куманово, објави А1он.

Неколку амбулантни возила од внатрешноста на земјава се обидуваа да се пробијат помеѓу автомобилите и камионите, а полицијата поради големиот број на возила едвај го регулира сообраќајот.

Дел од возилата се искачија на тротоарот и со голема брзина поминуваа кон населбата Ченто загрозувајќи го животот на пешаците и велосипедистите кои во моментот се движеа таму.

Извор: А1он

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде