Од средината на овој месец од Арктикот кон централните предели од континентот ќе се спушти многу студен воздух кој на многу места ќе ги донесе првите врнежи од снег.
Освен на планините, снег ќе има и на пониските места, а температурите драстично ќе се намалат и ќе бидат значително под просекот за овој период од годината, пишува метерологот Попоски.
Овој студен бран ќе се спушти и до Балканскиот Полуостров, па така во текот на следната седмица очекуваме многу повеќе врнежи, а покрај ова ќе има и голем пад на температурите, па така на планините го очекуваме и првиот снег.
Во Македонија промена на времето ќе има од самиот почеток на следната седмица, но детална анализа само за Македонија следува понатаму.