Македонски државјанин загина во тешка сообраќајна несреќа на автопатот А3 на релација Брегана-Липовац во Хрватска,
а друг е тешко повреден, објавија хрватските медиуми.
Починатиот (51) бил на совозачкото место во автомобил со италијански регистарски таблички.
Според објавеното несреќата се случила вчера во 19.10 часот, откако автомобилот излетал од патот.
Засега не е објавен идентитетот на двајцата македонски државјани.