Бектеши најавува: Цените ќе паѓаат

Со новиот предлог-закон за забрана на нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи, ќе има и намалување на цените за најмалку 10 отсто,

а ќе се подобри и квалитетот на производите, бидејќи во рамките на предвидените 26-те трговски практики, се вметнати и земјоделски производи со краток рок, објасни министерот за економија, Крешник Бектеши по работниот состанок со Стопанската комора на Македонија.

Според Бектеши, генерално квалитетот на производите со кус рок се нарушува и кога нема договори меѓу производителите и добавувачите.

За бизнисмените е најбитно што добиле 6 месеци преоден рок да се подготват за новиот закон, а во рок од дваесеттина дена тие ќе ги достават своите забелешки на ЕНЕР, порача Васко Ристовски од СКСМ.

Според него, главните забелешки дошле од правните тимови на трговците, оти ова е сосема нов закон и за првпат се носи кај нас. Инаку, повеќето од директивите на ЕУ се во новото законско решение и тој ќе оди во Собрание со европско знаменце.

-Во предлог законот, глобите одат до 20 илјади евра, но ние сме отворени за дополнителни предлози од бизнис заедницата – рече Бектеши.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде