Денеска 17:00 часот на бул.„Никола Карев“ во Скопје автомобил удрил во малолетник и го напуштил местото на несреќата.
Момчето било пренесено во Ургентен Центар – Скопје, каде била констаирана смрт.
Како што дознава Курир од извори во МВР, уапсен е З.Ш (21) од Скопје кој се сомничи за предизвиканата несреќа со смртни последици.
На местото на несреќата кај пластичарска и во моментов има полициски возила и припадници на МВР,
а трагите од крв сведочат за крвавата несреќа во која животот го загуби малолетник.