Денеска 17:00 часот на бул.„Никола Карев“ во Скопје автомобил удрил во малолетник и го напуштил местото на несреќата.
Момчето било пренесено во Ургентен Центар – Скопје, каде била констаирана смрт.
МВР објави детаи за трагедија:
Во 16.47 ч. на бул.„Никола Карев“ во Скопје патничко возило „Мерцедес“ удрило во малолетник, по што возилото го напуштило местото на настанот.
Малолетникот е пренесен во УЦ-Скопје, каде била констатирана смрт.
По кратко време, полициски службеници го пронашле возилото и возачот З.Ш. (21), кој е приведен, велат од МВР за Курир.