Српски „Блиц“ објави видео: Македонците евакуирани од Израел

90 македонски државјани денеска со авионот на „Ер Србија“ се евакуирани од Израел. Со нив патуваат и Срби, Албанци и Црногорци. Права станица е Скопје, а потоа Белград.

Српските медиуми објавија видео од авионот пред полетувањето.

На видеото се гледа дека авионот бил полн, а Душан Вујовиќ, конзул на српската амбасада во Израел, им посака на сите патници да се видат во „подобри услови“.

– Драги пријатели, се качи и последниот патник. Ви посакувам се најдобро, убав пат. Ве поздравувам пред амбасадите на Србија, Северна Македонија, деловниот конзулат на Црна Гора и Амбасадата на Албанија од моите драги колеги кои сето ова го организираа на терен.

Прво летате за Скопје, па за Белград, чувајте се и се надевам дека ќе се видиме во подобри времиња. Се најдобро уште еднаш – рече Вујовиќ, на што патниците одговорија со извици „Да живее Србија“.

Инаку, Владата вчера соопшти дека ги сноси сите трошоци за летот.

– Во услови на целосно откажани летови и блокиран авиопревоз со Израел, предизвикот за организирање на овој чартер лет беше надминат со соработка со „Ер Србија“ за превоз на граѓаните кои побараа помош – се наведува во официјалното соопштение.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде