Познатиот ирански филмски режисер Дариуш Мехрјуи и неговата сопруга се избодени до смрт од страна на непознати напаѓачи во куќата во која живееле.
Официјалната новинска агенција ИРНА цитирала официјално лице на иранското правосудство Хусеин Фазели,
кој рекол дека Мехрјуи и неговата сопруга Вахидех Мохамадифар се откриени мртви во убодни рани во вратот.
Фазели навел дека нивната ќерка Мона Мехрјуи ги пронашла телата кога отишла да го посети татко и, кој живеел во куќа во техеранското предградие, околу 30 километри западно од центарот на градот.
Истрагата е во тек, ама не се изнесуваат претпоставки за мотивите на двојното убиство, иако сопругата на Дариуш, последните месеци се жалела поради закани со нож на социјалните мрежи.