ВИДЕО: Цеца, Милица Павловиќ, познати танчери од светот…Синот на Мијалков направи свадба за паметење

Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ пееше на свадбата на синот на Сашo Мијалков, поранешниот шеф на македонската контраразузнавачка служба.

Постариот син на Сашо и Сандра, Јордан пред неколку дена се венчаше во манастирот „Јован Бигорски“ со неговата сопруга Анастасија, а во петокот направија забава во познат скопски хотел.

Цеца покрај своите хитови ја отпеа и песната „Македонско девојче“ која ги воодушеви гостите.

На свадбата настапи и Тимати, најпознатиот руски рапер кој има 20 милиони следбеници на Инстаграм.

Српските медиуми наведуваат дека Мијалкови приредиле свадба за паметење.

На свадбата се појавиле и други ѕвезди меѓу кои и Милица Павловиќ.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде