Почина познатиот македонски хуморист, сатиричар и имитатор Војче Китановски.
Веста за неговата смрт на социјалните медиуми ја објавија неговите пријатели и познати личности.
Војче е роден во 1955 година во селото Крапа, Македонски Брод. Завршил гимназија во Кичево, а студирал на Шумарскиот факултет. Тој речиси 50 години беше активен на македонската јавна сцена.
Во својата долгогодишна кариера Војче настапувал пред студенти, пред армијата и пред бригадирите на работните акции, како и покрај Мики Јевремовиќ и Тома Здравковиќ.
Меѓу другото тој ја издаде книгата со најубавите вицеви за деца „Антологија на 500 вицеви за деца“ и книгата „Енциклопедија за хумор“, во која, преку своите доживувања и анегдоти раскажува за својот живот.