Почина легендарната актерка Сузан Сомерс, најпозната по улогите во сериите „Друштвото на тројца“ (Three’s Company) и „Чекор по чекор“ (Step by Step).
Сомерс починала во неделата наутро, пренесува „Пипл“, еден ден пред нејзиниот 77-ми роденден.
„Сузан Сомерс почина мирно дома во раните утрински часови на 15-ти октомври. Таа успешно се бореше со агресивна форма на рак на дојка повеќе од 23 години.
Сузан беше со нејзиниот сакан сопруг Алан, синот Брус и нејзиното потесно семејство. Нејзиното семејство ќе се собере на прославата на нејзиниот 77-ми роденден на 16 октомври.
Ќе го прослават нејзиниот извонреден живот. Им благодарат на милионите обожаватели и следбеници кои многу ја сакаа“, се вели во соопштението на семејството.
Во мегапопуларната серија „Чекор по чекор“, Сузан го толкуваше ликот на Керол Фостер.