Околу три часот по полноќ се случила страшна сообраќајна несреќа кога тинејџерка (18) управувајќи автомобил „бмв 3“ излетала од патот Богатиќ – Црна Бара и директно удрила во дрво.
Во таа прилика загина нејзиниот татко Р.П.(48). Автомобилот без возачка дозвола го управувала неговата ќерка Д.П.
Тинејџерката паднала во кома, а нејзиниот татко починал на лице место. Девојчето со тешки повреди и во кома е пренесено во болницата во Шабац, од каде е пренесено во Белград.
До несреќата дошло кога автомобилот излетал од патот во кривина и удрил во дрво. На прославата со нив не биле останатите членови на нивното семејство, поточно сопругата и двете ќерки на починатиот, односно мајката и сестрите на повредената тинејџерка.
Како што претходно кажаа мештаните, семејството било прекрасно, чесно и сите работеле за плата, берејќи малини, јагоди, јаболка…
„Радиша и неговата ќерка се враќале од свадба и решил да и го даде автомобилот да вози затоа што наводно испил повеќе алкохол на свадбата. Наводно тинејџерката која нема возачка дозвола и не е вешт возач, пребрзо влегла во кривината и директно се забила во дрво кое било на страната на патот“, велат селаните во околината на Богатиќ.