Фејсбук пост на Мартин Јовановски:
Не е проблемот во свадбата на син му на Мијалков, сиот раскош таму и Цеца како специјален гостин…не се проблем ниту потрошените пари, сопствени или туѓи, крадени, од народот.
Проблемот кај овој народ е воодушевувањето!
Тоа болно, шизофрено обожување и глорифицирање на криминалци, клептомани, крадци, дилери, насилници и лажговци. Тој суров факт дека на 80% од овој народ всушност Мијалкови и таквите како нив им се идоли!
Видете ги само гостите, “ѕвездите” таму, видете ја само гордоста на нивните лица. Пола естрада, бизнисмени, глумци, манекенки и политичари. Па тие доживуваат оргазам, тие блажени насмевки на сликите се само поради фактот што се таму, присутни, што се поканети, што некој се сетил на нив…
Мајндсетот е сјебан…
Неповратно!
Еј, каква иронија, да молиш да клечиш пред оние кои ти ги бркаа родителите од работа, пред оние кои ти ги избркаа браќата и сестрите во туѓина, оние кои ја уништија државата, домот, иднината на цели поколенија…
И зошто?
Имале пари, имоти, скапа облека, коли, моќ…
И не е само Мијалков, и не се само гостите на таа свадба…
Да клечиш горд и насмеан онаму каде не вреди ни мрсул да фрлиш.
Да се гордееш со фактот што немаш достоинство!
Забегано, до срж забегано…