Фудбалерот Филип Димов кој има двојно државјанство, македонско и австриско се бори за живот на клиника во Австрија.
Имено за време на мечот ВЦС и ТВЛ Електра ро рамки на Источната регионална фудбалска лига во Австрија во 14. минута дошло до страшен старт на теренот.
Имено Димов добил удар во глава по дуел со противнички играч по што паднал на теренот. Веднаш му било укажана медицинска помош, а потоа со хеликоптер итно бил пренесен во болница.
-Нашиот долгогодишен капитен Филип Димов денеска за време на првенствениот натпревар со Електра се здоби со сериозни повреди на главата и по прва помош со хеликоптер е пренесен во болница за понатамошна нега. Филип моментално е во индуцирана кома и е во најдобрите лекарски раце.
Бараме разбирање дека во овој момент нема да даваме попрецизни информации за здравствената состојба на Филип.
Воедно, апелираме до сите да ја почитуваат приватноста на семејството, играчите и придружниците, објавија од клубот, порачаа од клубот.