Вонредна вест: Терористички напад во Брисел – има жртви

Најмалку две лица се убиени вечерва во пукање во Брисел, главниот град на Белгија, соопштија локалните власти.

Напаѓачот е во бегство, а безбедносните служби наведуваат дека поседуваат видео снимка на која осомничен тврди дека е член на Исламската држава, меѓутоа локалните власти велат дека дополнително ќе се утврдува веродостојноста на снимката.

Националниот кризен центар веднаш одржал состанок, на кој присуствуваа премиерот, министерот за внатрешни работи и министерот за правда, а полицијата веднаш почна истрага.

Нивото на закана за тероризам е зголемен на максимум и во прашање е сериозна и непосредна закана.

Според белгиски „Het Laatste Nieuws”, жртвите се државјани на Шведска, а се претпоставува дека се навивачи кои дошле да го следат квалификацискиот натпревар за пласман на ЕП 2024 меѓу Белгија и Шведска кој е во тек.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде